Which facility do you like

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Почитувани,

На наше големо задоволство, а највеќе за граѓаните, бидејќи ние тука функционираме за Вас, СЦБТ направи вистински исчекор во работењето изминатава година.

soopstenie22-05-17

Во 2016 та година за прв пат од основањето на Спортскиот центар Борис Трајковски работи со добивка која пред одданочување изнесува цели 44.524.695,00 денари. Спортскиот центар Борис Трајковски бележи значително зголемување на вкупните приходи односно 146% споредбено со ‎2014-2016 та година. Ова се должи на посветеното и домаќинско работење на целокупниот менаџмент кој раководи со Спортскиот центар.

Цените за Спортските клубови како и за националните федерации ги направивме подостапни, па така изминативе 3 години Спортскиот центар рушеше рекори во однос на настани на кои бевме домаќини. На теренот на вип Арената се одиграа повеќе од 135 спортски натпревари од различни спортови во домашни и меѓународни првенства, и бевме домаќини на 4 Европски првенства. Исто така во вип Арената одржани беа повеќе од 70 концертни манифестации. Минатата година бевме домаќини и на светско првенсво во борење кое предизвика особена заинтересираност во јавноста.

Капацитетите и условите кои ги нудиме, исто така се достапни буквално за секој еден граѓанин, во секој период од годината да може да се пронајде во некоја од нашите понуди и да се забавува и рекреира согласно потребите. Тоа се должи на нашата грижа, бидејќи СЦБТ постои за граѓаните.

На наше огромно задоволство би сакале да Ви соопштиме дека СЦБТ е во последна фаза од финализирање на потребните технички документи од проектирањето на тениската арена која во својот состав ќе има гимнастичка сала и сала за боречки спортови. Потоа следува изготвување на одобрение за градба по што ќе биде објавен оглас за доделување договор за јавна набавка за изградба на Арената. Очекуваме дека граѓаните ќе имаат можност да ја користат оваа сала во втората половина на 2018 та година.

Во таа насока, Ве поканувам заедно да го погледнеме 3D видеото од проектот на Тениската арена, со гимнастичка сала и сала за боречки спортови.

 Нам ни е огромно задоволство да бидеме во функција на граѓаните, бидејќи посветеното работење и заемната соработка и доверба носат вакви резултати на кои сите можеме да се гордееме.