Гостување на директорот на СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Александар Петровски на програмата на Спортско радио 90.3 ФМ

Директорот на СЦ „Борис Трајковски”, Александар Петровски, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90.3 ФМ.

„Се надеваме дека во новата зимска сезона ќе го собориме рекордот во поглед на посетеност на лизгалиштето кое нуди современи услови за спорт и рекреација” – потенцираше меѓу другото директорот, Петровски, кој проговори и за предвидените новитети.

Разговорот со првиот човек на СЦ „Борис Трајковски“ може да го слушате во 16.40 на Спортско радио 90.3 ФМ.

gostuvanje sportskoradio


Печати