Ледена сензација во главниот град: СЦ Борис Трајковски го пушти во употреба игралиштето за хокеј и уметничко лизгање

„Би сакале да Ве информираме, дека заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,”  изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Скопје (19.11.2014) Ледена сензација започна во главниот град во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” каде игралиштето за хокеј и уметничко лизгање е повторно пуштено во употреба за тренензи како и за рекреација. Со ова двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија каде сите заинтересирани ќе можат да уживаат во овие зимски спортови.

„Би сакале да Ве информираме, дека заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,”  изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:

  • Понеделник: од 11:00 часот до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
  • Вторник: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
  • Среда: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
  • Четврток: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
  • Петок: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 00:00 часот.
  • Сабота: од 12:00 до 00:00 часот.
  • Недела: од 12:00 до 23:00 часот.

Специјализираните тренинзи по хокеј, ќе бидат водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, а во организација на Хокеј федерација на Македонија. Термините за истите се:

  • Понеделник: од 19:00 до 20:00 часот.
  • Вторник: од 19:00 до 20:00 часот.
  • Четврток: од 19:00 до 20:00 часот.
  • Петок: од 19:00 до 20:00 часот.
  • Сабота: од 07:30 до 08:30 часот.

Тренинзите по уметничко лизгање, ќе бидат водени од Ксенија Јестшењски. Термините се со времетраење од еден час:

  • Понеделник: од 17:00 до 19:00 часот.
  • Среда: од 17:00 до 20:00 часот.
  • Петок: од 17:00 до 19:00 часот.
  • Сабота: од 08:30 до 12:00 часот.
  • Недела: од 08:30 до 12:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани имаат можност, да го посетат игралиштето за хокеј и уметничко лизгање и да уживаат во понудата, која Спортскиот Центар „Борис Трајковски” ја создава само за нив. 


Печати