Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

Почитувани,

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ како промотор на правилен и здрав начин на живот Ве повикува заедно да дадеме поддршка на процесот за развој на урбаниот велосипедизам во Скопје со приклучување кон интернационалниот Winter Bike to Work Day кој што закажан за петок 09.02.2018 година.

Интернационалниот Winter Bike to Work е ден на кој што луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот “Не постои лошо време, постои само лоша опрема”.

Приклучете се и вие кон оваа иницијатива и заедно со многу луѓе низ целиот свет на 9-ти февруари земете го велосипедот и отидете на работа или на училиште.

Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и или локалниот #WBTWDSkopje (за работа) и #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се со вашиот транспортен избор тој ден.

Линк од ФБ настанот: https://www.facebook.com/events/411957482572496/.

Ваш,
Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ

bikeday-18

Почитувани,

Ве информираме дека оваа година по втор пат во Република Македонија, во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и Спортскиот Центар Борис Трајковски, од 23-24.02.2018 година, ќе се оддржи меѓународниот и национален натпревар во уметничко лизгање “Skopje on Ice 2018”.

Очекуваме гости од Р.Србија, Р.Грција, Р.Бугарија, Р.Хрватска и т.н. Натпреварот ќе се одржи во тек на два дена и тоа во петок 23.02.2018 со настап на интерпретативните категории и во сабота 24.02.2018 со натпреварувачките категории.

Поканети се ИСУ квалификувани судии од Руската Федерација, Р.Србија и Р.Бугарија.

Ваш,
Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ

skopje-onice2018-soopstenie

Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве информираме дека од понеделник 29.01.2018 година ќе започне со работа новата сауна во Vip Базенот.

Сауната е еден од најпознатите начини за релаксација, но и вид за одржување и прочистување на организмот, елиминирање на токсини, ослободување од стрес, согорување на калории, зајакнување на имунитетот.

Сауната во Vip Базенот ќе биде достапна за сите посетители со пристапни цени за користење и тоа:

  • Користење на сауната во времетраење од 1 час за максимум 3 лица изнесува 450 денари,
  • Корисници кои што имаат месечни билети за користење на услугите на базенот ќе можат да ја користат сауната во времетраење од 1 час по цена од 200 денари.

Сауната навистина прави да се чувствувате подобро, да изгледате подобро и да спиете подобро, повеле Ве очекуваме.

Ваш,
СПОРТСКИ ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Почитувани,

Ни претставува задоволство да Ве информираме за големата реконструкција на Пливачкиот базен која што се одвиваше во текот на празниците, а која се однесуваше на санирање на кровната конструкција со што ќе се придонесе на подобрување на квалитетот на внатрешниот простор, но и поголема безбедност на сите посетители и корисници на услугите на базенот.

Пред реконструкција:

По реконструкција:

Понатаму извршена е реконструкција на електро инсталацијата и подобрено е осветлувањето во просториите во базенот. Направени се сите потребни зафати за подобрување на работата во машинскиот дел од базенот кој што воедно е срцето на истиот и е неопходно беспрекорно да функционира.

Исто така како нова содржина во склоп на базенот ќе фунционира и нова сауна каде што корисниците ќе имаат можност да се релаксираат и да уживаат во еден од најпознатите природни начини за подобрување на човековото здравје. Сауната ќе биде достапна за сите посетители со достапни цени за користење.

Воедно Ве информираме дека поради сложеноста и обемноста на работите кои што се изведуваат Vip БАЗЕНОТ ќе започне со работа на 22.01.2018 година.

Ве очекуваме.

Ваш,

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Денес во Скопје како визитинг тренер пристигна г-динот Антон Смирнов, повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства.

Целта на оваа посета е унапредување на уметничкото лизгање во Р. Македонија и подготовка на нашите натпреварувачи за претстојниот ИСУ натпревар “Skate Helena 2018“.

Ова гостување се реализира како соработка на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија со Спортскиот Центар “Борис Трајковски“, а со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет.

https://en.wikipedia.org/wiki/Anton_Smirnov_(figure_skater)