Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Изминатиот викенд, поточно од 23-24.02.2018 година, во организација на Федерацијата за Лизгачки Спортови на Македонија и СЦ Борис Трајковски, се оддржа вториот по ред меѓународен наптревар Skopje on ICE 2018 година, во чии рамки се бодуваа и доделија награди за Национални прваци во уметничко лизгање за 2018 година, во ИСУ категориите: Advanced novice girls, Advanced novice Boy, Junior ladies, и Senior Ladies.

Натпреварот се одвиваше во одлична атмосфера, во присуство на голем број љубители на спортот и уметничкото лизгање, под судиското трио на ИСУ акредитирани судии од Р.Србија и Р.Бугарија, гости натпреварувачи имавме од Р.Србија и Р.Бугарија, а нашите 34 натпреварувачи на Меѓународниот натпревар Skopje on ICE 2018 издвојуваа одличен пласман и освоија вкупно 9 медаљи во своите категории.

За Национални прваци во уметничко лизгање беа прогласени следните натпреварувачи во категориите:

Senior Ladies

  1. Нина Стрезовска, злато

Junior Ladies

  1. Ангела Прилепчанска, злато
  2. Климентина Малеевска, сребро
  3. Миа Николовска, бронза

Advanced Novicegirls

  1. Јана Куковска, злато
  2. Деана Прилепчанска, средбо
  3. Лариса Богатиновска, бронза

Advanced Novice boys

  1. Јан Стојановски, злато

Голема благодарност до сите спонзори и пријатели на овој спорт, упатуваат организаторите, а особено на Duna Events тимот, задолжени за се да се слуша, да се гледа и технички да биде беспрекорно изведено, Софија принт и ПР тимот на Ефектива- задолжени за ПР, печатење и креатива, АВТ Интернационал со брендовите Колгејт, Палмолајв и Јана, за освежување и здрави заби, Краш Комерц, задолжени за слаткото уживање, Пивара АД Скопје и Битолска Млекара АД Битола, за сокчињата, водите и освежувањето, Гиро Беко и Ресторан Астера задолжени за седвичи те и кетерингот, Натусана со брендовите Лакалут, Алга Сан, Анги Септ и Мулти Витамол, Виталиа и Анекс- со чаевите Фруктис за здрави грицки и здрави навики, а Арс Ламина ни подари вредни книги.

И никако неможевме без нив: Отварање на настанот со прекрасниот вокал на Miyatta и песната ”Верувам во себе”, одлизгана со децата од школото за лизгање при СЦ Борис Трајковски, кореографија Цаци Огненовска, Финансиска помош МРГ Петрол, Македонски Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Црвен Крст и секако фотографија и тонски запис Фото Десо.

Федерација за лизгачки спортови на Македонија

Претседател, Цветанка Макаровски
и
Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ