Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Почитувани,

Ве известуваме дека Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, со цел да излезе во пресрет на очекувањата на своите клиенти - корисници на Vip Арената која се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ Скопје, изврши намалување на цената за:

  • ладење на Vip Арената која до сега изнесуваше 120.000,00 денари со вклучен ДДВ и 
  • затоплување на Vip Арената која до сега изнесуваше 40.000,00 денари со вклучен ДДВ

со важност од 31.05.2018 година и истата е утврдена во висина од 30.000,00 денари со вклучен ДДВ за ладење или затоплување на истата, во Одлуката за висина на надоместок за користење на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје (арх.бр.02-258/4 од 31.05.2018 година).

Со надеж дека намалената цена за затоплување или ладење на Vip Арената ќе значи поголема достапност за користење на овие услуги од страна на нашите клиенти-корисници срдечно Ве поздравуваме.