Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

Ве информираме дека оваа година по втор пат во Република Македонија, во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и Спортскиот Центар Борис Трајковски, од 23-24.02.2018 година, ќе се оддржи меѓународниот и национален натпревар во уметничко лизгање “Skopje on Ice 2018”.

Повеќе...

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека од понеделник 29.01.2018 година ќе започне со работа новата сауна во Vip Базенот.

Повеќе...

Денес во Скопје како визитинг тренер пристигна г-динот Антон Смирнов, повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства.

Повеќе...

Сезоната на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО ја започнавме со подобрени услови за тренинзи по уметничко лизгање и хокеј и со нов тренер од Белорусија Витали Лучанок (Vitaly Luchanok) кои што се надеваме ќе придонесат за подобар квалитет и подобри резултати во иднина и ќе го издигнат Уметничкото лизгање во Македонија на едно повисоко ниво.

По тој повод директорот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски” г-динот Александар Петровски гостуваше во утринската програма “Македонија наутро” на Македонската Радио Телевизија, а пак наши гости на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО беа учениците од II4 одделение од О.У. “Јохан Х. Песталоци” кои што можеа да се запознаат со убавините на уметничкото лизгање  и хокејот кои што им ги презентираа нашите тренери.

Прилогот ќе можете да го погледнете на 02.01.2018 година во утринската програма “Македонија наутро” на Македонската Радио Телевизија.

Спортски Центар
БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Меѓународниот натпревар “Novi Sad na Ledu” 2017 во Уметничко Лизгање, злато, сребро и две бронзи за Македонските лизгачи

На Меѓународниот натпревар “Novi Sad na Ledu” 2017 кој се оддржа на 24.12.2017 година во Нови Сад, во конкуренција од 50 натпреварувачи од Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Македонија, Македонските натпреварувачи освоија:

Златен медал во категоријата Кадети А – мажи Јан Стојановски  и

Сребрен медал во категоријата Кадети А – жени Јана Куковска.

Две бронзени медали освоија и нашите натпреварувачки: Тина Вичишка и Снежана Тунеска во интерпретативните категории.

Ова е прв меѓународен натпревар сезонава, а истата ја стартувавме со нов тренер од Белорусија- Vitaly Luchanok. Со новиот врвен тренер, очекуваме подобрен квалитет во настапите и уште подобри резултати до крајот на сезоната, а и во иднина.

Оваа заложба и резултати им ја должиме пред се на спортистите кои во изминатиов период напорно работеа, но и на големата поддршка што како Федерација ја имаме од СЦ Борис Трајковски, Агенцијата за Млади и Спорт и Македонскиот Олимписки Комитет.

Директорот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски” г-динот Александар Петровски денес им го честиташе успехот на натпреварувачите и им посака уште поголеми успеси.
Федерацијата за Лизгачки спортови и СЦ Борис Трајковски се сложија дека подобрените услови за тренинзи, новиот квалитет во тренерскиот кадар и посветеноста на натпреварувачите можат да го издигнат Уметничкото лизгање во Македонија на заслужениот Олимписки Спорт.

Претседател на Федерација за Лизгачки спортови на Македонија
Цветанка Макаровски