Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

„Втората година во Градскиот Аква Парк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отварање на единствениот аквапарк во градов, Скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да ги уживаат содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во месец јуни и до денес имавме повеќе од 30 000 
посетители. Бројка, која ја покажува актуелноста на оваа летна локација која им е омилена на сите генерации“ – изјави директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински.

Повеќе...

„Воведувањето новини со пристигнување на новиот менаџмент е процес, кој се разбира, е во интерес на граѓаните и веруваме дека ќе придонесе кон дополнително зголемување на интересот за содржините во СЦ „Борис Трајковски”. Ова е најголемиот спортски центар во Републиката, со огромен број содржини и можности, па истиот мора да е достапен за што поширок број граѓани. Токму затоа започнуваме со нова понуда во форма на промотивни пакети, кои се инспирирани од мисијата на СЦ „Борис Трајковски” – поттикнување на спортувањето и водењето здрав живот”, вели Златко Перински, новиот директор на спортскиот центар.

Повеќе...