Артикли
Правила на однесување (Пливачки базен)
2.2.2. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (ПЛИВАЧКИ БАЗЕН)
Член 5
Посетителите на пливачкиот базен се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:
1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на пливачкиот базен во согласност со одредбите од овој Правилник.
2.Посетителите кои рекреативно ќе го користат Пливачкиот базен во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на пливачкиот базен доколку уредно имаат платено карта (чланарина) за истиот.
3.По уплаќањето на чланарина, посетителите кои ќе го користат пливачкиот базен добиваат членска карта за која самите усно даваат лични податоци и доставуваат слика за идентификација која се закачува на истата и се должни да ја покажат на пријавницата во влезот од пливачкиот базен.
4.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.
5.Правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на пливачи и регистрираните клубови за ватерполо и пливање можат да ги користат услугите на пливачкиот базен доколку уредно имаат склучено договор за користење и постапено по обврските превземени во истиот по основ „начин на плаќање„.
6.Правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на пливачи и регистрираните клубови за ватерполо и пливање со потпишување на договорот за користење задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите ученици/пливачи за време на оддржување на тренинзите или часовите.
*Изјавата е составен дел на овој Правилник
7.Членовите на правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на пливачи и регистрираните клубови за ватерполо и пливање не може да останат во базенот без тренер или одговорно лице, кое е одговорно за спроведување на активности, во спротивно секој ученик или пливач ќе биде обврзан да плати билет за рекреативно капење.
8.Пливачките патеки кои правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на пливачи и регистрираните клубови за ватерполо и пливање ги имаат резервирано по договор нема да бидат издавани на други посетители за рекреативно капење или на други правни субјекти.
9.Услугите на пливачкиот базен нема да се користат во следните случаи:
- во денови или часови кога се одржуваат турнири во пливачкиот базен,
- во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на пливачкиот базен,
- во случај на оддржување на настан од културно забавен карактер (музичка манифестација) или спортски настан во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ кога резервираниот термин од објективни и технички причини нема да може да се оддржи и
- во период кога во објектот на пливачкиот базен се врши редовно сервисирање или целосно менување на водата во Големиот и Малиот базен.
10.Надоместокот за користење на пливачките патеки се врши кај раководителот на секторот за продажба и раководителот во службата за управување со пливачки базен, бокс арена и тениски центар и користењето на истите може да започне само кога ќе се добие дозвола од напред наведените.
11.Во големиот базен ќе биде дозволен пристап само на лица (капачи) кои знаат да пливаат на своја лична одговорност.
12.Пред започнување со користење на пливачкиот базен секој посетител е должен да се обрати на вработените лица во пливачкиот базен за да им се дадат инструкции за користење на базенот.
13.Лицата под 14 (четирнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на малолетните лица.
14.Лицата кои имаат сериозно нарушување на здравјето пливачкиот базен може да го користат исклучиво под надзор на друго лице одговорно за нивната безбедност, во спротивно секој посетител на истиот влегува во Големиот или малиот базен на своја сопствена одговорност.
15.Посетителите кои нема да ги почитуваат одлуките на вработените (спасителите) ќе бидат отстранети од пливачкиот базен.
16.Користењето на пливачкиот базен ќе биде дозволено само во соодветни костими за капење и капа за капење (забрането е да се плива во шорцеви без постава и под колена).
17.Секој посетител е должен пред влезот во големиот и малиот базен задолжително да се истушира.
18.На капачи со отворени и инфицирани видливи рани или инфективна кожна болест, нема да им биде дозволен влез во базенот.
19.По влегување на капачите во внатрешениот дел на објектот, забрането е влегување со чевли, патики и слично.
20.Забрането е внесување на храна, алкохолни пијалоци и стаклени кршливи предмети.
21.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
22.Забрането е скокање во вода, туркање на други лица во вода, попречување на други пливачи, предизвикување кавги или тепачки.
23.Забрането е користење на пливачкиот базен во алкохолизирана состојба.
24.Пушењето е забрането во секој внатрешен дел на објектот.
25.Забрането е да се врши нужда за време на престој во базенот (во вода).
26.Сите посетители (рекреативци на базен) при купување на билет и земање на клуч од шкафче, должни се истиот да го вратат на пријавница.
27.Корисниците на термини по договор (правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на пливачи и регистрираните клубови за ватерполо и пливање) треба да имаат лице/тренер кое зема клучеви од шкафчињата на членовите од неговиот субјект и по завршувањето на терминот задолжително ги враќа клучевите на пријавницата.
28.Корисниците кои ќе изгубат клуч од шкафче должни се истиот финансиски да го надоместат во вредност од 300,00 денари.
29.За користење дополнителна опрема, (играње со топка, внатре во базенот во вода), задолжително треба да се има одобрение од спасителите на пливачкиот базен.
30.Посетителите се должни да ги користат соблекувалната и кабините одделени согласно со полот, означени на вратите.
31.Посетителите се должни да побараат помош од спасителите при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар итн.).
32.Вработените во пливачкиот базен не се одговорни доколку настане кражба или губење на некои вредни предмети кои посетителите ги носат со себе, а истите не ги остават на пријавницата во пливачкиот базен.
33.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на пливачкиот базен во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
34.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат пливачкиот базен не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.
35.Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во пливачкиот базен ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.
36.На секое лице кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможено влез во пливачкиот базен.
37.Сите настанати штети од страна на сторителите ќе бидат на товар на материјална и кривична одговорност.
Сите овие правила се објавени на видно место на влезната врата на пливачкиот базен.
Член 6
Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат Рекреативниот аква парк не смеат да се рекреираат поради лична лоша здравствена состојба.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите или опремата во Рекреативниот аква паркот.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои го посетуваат Рекреативниот аква парк во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.
Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Рекреативниот аква парк доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Во случај посетителите на Рекреативниот аква парк да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слични).