Артикли
Правила на однесување (Тениски терени)
2.2.2. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ)
Член 5
I.I. Посетителите на тениските терени се обрзуваат да ги почитуваат следните правила:
1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на тениските терени согласно со одредбите од овој Правилник.
2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ можат да ги користат услугите на тениските терени доколку уредно имаат платено надоместок за користење на тениските терени.
3.Правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на лица за тенис и регистрираните клубови за тенис, можат да ги користат услугите на тениските терени доколку уредно имаат склучено договор за користење и постапено по обврските превземени во истиот по основ “начин на плаќање”.
4.Правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на лица за тенис и регистрираните клубови за тенис со потпишување на договорот за користење задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите ученици/тенисери за време на оддржување на тренинзите или часовите.
*Изјавата е составен дел на овој Правилник.
5.Услугите на тениските терени не смеат да ги користат лица помали од 14 (четиринаесет) години.
6. Лицата под 14 (четиринаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја превземаат родителите/старателите на малолетните лица.
*својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.
7.Посетителите се должни да почекаат на дозвола од вработените во пријавницата која се наоѓа на влезот на тениските терени за почеток со своите спортско-рекреативни активности на тениските терени.
8.Пред започнување со спортско-рекреативни активности секој посетител е должен да се обрати на вработените во пријавницата која се наоѓа на влезот на тениските терени за да му се дадат инструкции за користење на опремата.
9.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ги користат спортските реквизити и спортската опрема во тениските терени.
10.Тениските терени на кои тренираат членовите на тениската школа, нема да се даваат на користење на други посетители рекреативно во терминот кој е резервиран за членовите на тениската школа.
11.Тениските терени нема да се изнајмуваат во следните случаи:
- во денови или саати кога на истите се одржуваат турнири;
- во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на истите и
- во услови на временски непогоди.
12.Сите тениски терени се користат исклучиво според утврден распоред (закажан термин) и се изнајмуваат по 1 (еден) изминат час.
13.Надоместокот за тениските терени за рекреативно спортување се врши кај вработените во пријавницата која се наоѓа на влезот на тениските терени, додека пак надоместокот од страна на правните лица, средните училишта и акредитираните факултети и универзитети, трговските друштва регистрирани за обучување на лица за тенис и регистрираните клубови за тенис се врши кај раководителот на сектор продажба и раководителот во службата за управување со пливачки базен, бокс арена и тениски центар и користењето на истите може да започне само кога ќе се добие дозвола од напред наведените.
14.Ако за времето предвидено за почеток на играње на тениските терени нема посетители кои треба да ги користат истите рекреативно според закажаниот термин, терените ќе бидат изнајмени на други посетители.
15.На тениските терени може да се игра тенис само во прикладна облека и патики.
*Забрането е да се игра без маица, во кондури, сандали или други обувки кои не соодејствуваат со тениската игра.
16.На тениските терени е забрането:
- секое однесување кое ја попречува играта на тениските терени и
- секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.
17.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.
18.Забрането е користење на тениските терени во алкохолизирана состојба.
19.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
20.Забрането е рекламирање, продавање или препродавање на туѓа спортска опрема за тенис доколку тоа го нема одобрено Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
21.За сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
22.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на спортските реквизити и спортската опрема ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.
23.Секое лице кое ќе увиди дефект на било кој спортски реквизит или спортската опрема е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Друштвото заради заштита од несакани последици.
24.Посетителите се должни да побараат помош од вработените во пријавницата која се наоѓа на влезот од тениските терени при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).
25.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на тениските терени во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
26.Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во тениските терени ќе биде отстрането од истите од страна на извршителите на обезбедување.
27.На секое лице кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможено влез во тениските терени.
I.II. Членовите на тениската школа се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:
1.Членовите на тениската школа можат да ги користат услугите на истата во согласност со одредбите од овој правилник
2.Лицата кои ќе ја посетуваат тениската школа можат да ги користат услугите на истата доколку уредно имаат платено месечна чланарина.
3.По уплаќањето на чланарината лицата кои ќе ја посетуваат тениската школа задолжително пополнуваат формулар за членство во истата, додека пак кај малолетните лица тоа го прават нивните родители/старатели.
*Во формуларот за членство лицата самите ги внесуваат личните податоци, врз основа на кои добиваат членска карта.
4.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.
5.Родителите на малолетните лица треба задолжително да се консултираат со инструкторот во тениската школата околу членувањето на нивните деца во истата.
6.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ги користат услугите на тениската школа.
7.Членовите на тениската школа мораат да почекаат на дозвола од инструкторот во истата, пред да почнат со користење на тениските терени.
8.Членовите на тениската школа не можат да останат на тениските терени без инструкторот кој е одговорен за спроведување на активности, во спротивно секој член на тениската школа ќе биде обврзан да плати надоместок за користење за тениските игралишта.
9.Тениските терени на кои тренираат членовите на тениската школа, нема да се даваат на користење на други посетители рекреативно во терминот кој е резервиран за членовите на тениската школа.
10.Тениската школа нема да оддржува тренинзи во следните случаи:
- во денови или часови кога на тениските терени се оддржуваат турнири;
- во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на истите и
- во услови на временски непогоди.
11.На тениските терени може да се игра тенис само во прикладна облека и патики.
Забрането е да се игра без маица, во кондури, сандали или други обувки кои не соодејствуваат со тениската игра.
12.На тениските терени е забрането:
- секое однесување кое ја попречува играта на тениските терени и
- секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.
13.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.
14.Забрането е користење на тениските терени во алкохолизирана состојба.
15.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
16.Забрането е рекламирање, продавање или препродавање на туѓа спортска опрема за тенис доколку тоа го нема одобрено Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
17.За сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) членовите на тениската школа се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
18.Секој член на тениската школа кој нема да ги почитува инструкциите за користење на спортските реквизити и спортската опрема ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.
19.Секој член на тениската школа кој ќе увиди дефект на било кој спортски реквизит или спортската опрема е должен веднаш да го пријави дефектот кај инструкторот во истата заради заштита од несакани последици.
20.Членовите на тениската школа се должни да побараат помош од инструкторот во истата при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).
21.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на членовите на тениската школа во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
22.Секој член на тениската школа што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на инструкторот во истата ќе биде отстранет од истата од страна на извршителите на обезбедување.
23.На секој член на тениската школа кој ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможен влез во тениските терени.
Сите овие правила се објавени на видно место : на стаклото од објектот каде се наоѓа пријавницата на тениските игралишта.
Член 6
Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.
Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).