Правила за користење на Куглана
ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
I. Посетителите на Кугланата се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:
1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Кугланата во согласност со одредбите од овој Правилник.
2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ можат да ги користат услугите на Кугланата доколку уредно имаат платено надоместок за користење на Кугланата.
3.Услугите на Кугланата не смеат да ги користат лица помали од 10 (десет) години без надзор на спортските тренери на спортските клубови кои имаат склучено договори за користење на Кугланата.
4. Услугите на Кугланата не смеат да ги користат лица помали од 15 (петнаесет) години без надзор на овластено лице на основни училишта, средни училишта, акредитирани факултети и универзитети кои имаат склучено договори за користење на Кугланата.
5. Лицата кои се на возраст од 15 (петнаесет) до 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја превземаат родителите/старателите на малолетните лица.
*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.
6.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ја користат спортската опрема во Кугланата, во спротивно секој посетител на Кугланата ја користи истата на своја сопствена одговорност.
7. Пред започнување со спортско-рекреативните активности секој посетител е должен да се обрати на вработените во Кугланата, за да му се дадат инструкции за користење на опремата.
8.Секој посетител по завршувањето со спортско-рекреативните активности и користењето на реквизитите (куглите) е должен истите да ги врати на место.
9.Услугите во Кугланата може да се користат само со изнајмени патики или сопствени уредни патики со светол ѓон.
10.Доколку посетителите имаат изнајмено патики должни се истите да ги вратат на местото и во состојба во каква што ги подигнале пред започнување со својата спортска активност.
11. Во Кугланата е забрането:
- секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истaта и
- секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.
*Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во Кугланата ќе биде отстрането од истата од страна на извршителите на обезбедување.
*На секое лице кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможен влез во Кугланата.
12.Забрането е внесување на пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.
13.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
14.Забрането е користење на услугите на Кугланата во алкохолизирана состојба.
15.За своите лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни. Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
16.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на опремата ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.
17.Секое лице кое ќе увиди дефект на опремата е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Кугланата заради заштита од несакани последици.
18.Посетителите се должни да побараат помош од вработените во Кугланата при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).
19.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
II. Правила за оддржување на роденденски забави:
1. При организирање на роденденска забава, организаторот на истата е должен да потпише Изјава која ја добива од вработените во Кугланата.
*Изјавата е составен дел на овој Правилник.
2.Услугите на Кугланата не смеат да ги користат лица помали од 7 (седум) години.
3.Пред почетокот на роденденската забава посетителите се должни да ги следат инструкциите од вработените во Кугланата за правилно користење на реквизитите.
*инструкциите за правилно користење на реквизитите кои вработените во Кугланата им ги даваат на посетителите се со цел да се избегнат несакани повреди како и заштита на посетителите.
4.Родителите кои се присутни на роденденските забави во Кугланата се должни да внимаваат на малолетните лица.
*Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност во случај на повреда на лицата кои присуствуваат на роденденските забави во Кугланата.
5.При организација на роденденски забави максимум 5 (пет) деца можат да куглаат на една патека.
6.Забрането е трчање по патеките за куглање и положување на повеќе кугли во исто време.
7.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
8.Храната како и роденденската торта ја носи организаторот на роденденската забава и одговорноста за исправноста и квалитетот на истата се на товар на организаторот.
*Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати труења на посетителите во Кугланата.
*Храната треба да е согласно Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија" број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 84/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.209/23) и член 13 од Правилникот за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна („Службен весник на Република Македонија„ бр.12/2012).
9.Пијалоците за роденденската забава се земаат исклучиво од Кугланата, односно забрането е внесување на пијалоци во истата.
10.За своите лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите на роденденските забави се лично одговорни.
*Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
11.Посетителите на роденденските забави се должни да побараат помош од вработените во Кугланата при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).
12.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на роденденските забави во Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
III. Правила за клубови и правни лица:
1.Спортските друштва, спортските клубови и правните лица можат да ги користат услугите на Кугланата доколку уредно имаат склучено договор за користење и постапено по обврските превземени во истиот по основ “начин на плаќање”.
2.Спортските друштва, спортските клубови и правните лица со потпишување на договорот за користење на Кугланата задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на тренинзите.
*Изјавата е составен дел на овој Правилник
3.При оддржување на професионални тренинзи, како и при одржување на натпревари одговорноста за отплеткувањето на чуњевите е на товар на спортските друштва и спортските клубови, организатори на истите.
4.Тушевите во соблекувалните може да ги користат само членовите на спортските друштва, спортските клубови и правните лица кои имаат потпишано Договор за користење со Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
*Сите овие правила се објавени на видно место на ѕидот во Кугланата.
IV. Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.
Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).
V. Правните лица кои ја користат Кугланата која се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, склучуваат договор за користење на истата со Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје согласно одредбите на Законот за облигационите односи, врз основа на Одлуката за висина на надоместок за користење на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје и овој Правилник.