Правила на однесување (Мала сала)
2.2.2 ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (МАЛА САЛА)
Член 5
Посетителите на Малата сала се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:
1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Малата сала во согласност со одредбите од овој Правилник.
2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Малата сала доколку уредно имаат платено надоместок за користење на истата.
3.Услугите на Малата сала не смеат да ги користат лица помали од 5 (пет) години без надзор на спортските тренери на спортските клубови кои имаат склучено договори за користење на Малата сала.
4.Услугите на Малата сала не смеат да ги користат лица помали од 5 (пет) години без надзор на овластено лице на училишта, акредитирани факултети и универзитети кои имаат склучено договори за користење на Малата сала.
*Спортските друштва, спортските клубови, правните лица, училиштата, акредитираните факултети и универзитети со потпишување на договорот за користење на Малата сала задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на спортско-рекреативните активности.
*Изјавата е составен дел на овој Правилник.
5.Услугите на Малата сала не смеат да ги користат лица помали од 15 (петнаесет) години.
6.Лицата кои се на возраст од 15 (петнаесет) до 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја превземаат родителите/ старателите на малолетните лица.
*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.
7.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ја користат спортската опрема во Малата сала, во спротивно секој посетител на Малата сала ја користи истата на своја сопствена одговорност.
8.Пред започнување со спортско-рекреативните активности секој посетител е должен да се обрати на вработените во пријавницата Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ, за да добие клуч од соблекувална и да изврши уплата на надоместокот за терминот, како и за да му се дадат инструкции за користење на опремата.
9.Услугите во Малата сала може да се користат само во соодветна опрема и чисти патики.
Забрането е вежбање без маица, во кондури, сандали или деловна облека која не соодејствува со спортската култура.
10.Посетителите се должни соблекувалната да ја остават во уредна состојба во каква што им е оставена пред започнувањето со спортско-рекреативните активности.
11.При резервација на термин посетителите се должни да најават за кој спорт ќе ги користат услугите на Малата сала за да може да се изврши пренамена на спортската опрема и спортските реквизити.
12. Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ кои ги користат услугите на Малата сала се должни да го вратат трибинскиот дел во уредна состојба во каква што им е оставен пред започнување со спортско-рекреативните активности.
13.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ кои ги користат услугите на Малата сала се должни разумно да ги користат услугите на истата во спротивно секоја настаната штета се констатира во Записник, а надоместокот за истата е на терет на корисниците на Малата сала.
14.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ кои ги користат услугите на Малата сала се должни да го чуваат клучот од соблекувалната кој за време на користење на услугите е во нивно владение, во спротивно за негово губење се должни да платат надоместок од 300,00 денари.
15. Во Малата сала е забрането:
- секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истата и
- секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.
*Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во пријавницата Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе биде отстрането од Малата сала од страна на извршителите на обезбедување.
*На секое лице кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможено влез во Малата сала.
16.Посетителите на Малата сала се должни по завршувањето со спортско-рекреативните активности да ги вратат спортските реквизити во уредна состојба на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.
17. Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.
18. Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.
19. Забрането е користење на услугите на Малата сала во алкохолизирана состојба.
20.Посетителите на Малата сала личните работи треба да ги оставаат во соблекувална која ја заклучуваат самите, во спротивно за сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни. За време на користењето на соблекувалната, клучот од истата е во владение на посетителите.
*Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
21.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на спортската опрема ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.
22.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортската опрема е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ заради заштита од несакани последици.
23.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на Малата сала во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
*Сите овие правила се објавени на видно место на стаклото на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.
Член 6
Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.
Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).