sl7

Фитнес Центар

Фитнес центарот во СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ им овозможува на клиентите единствена средина за ефикасно унапредување на нивните телесни способности и остварување на посакуваните цели.  

Фитнес центарот се простира на површина од 300 м2, во модерен и оргинален амбиент опремен со високо квалитетни справи кои се во согласност со стандардите на светската боди билдинг и фитнес асоцијација.

Центарот покрај централната просторија за тренинг располага и со гардероби со орманчиња и туш кабини. Целокупниот простор на фитнес центарот е климатизиран. 

Работно време

понеделник. - петок:    07:00 - 23:00

сабота:                         10:00 - 20:00           

недела:                       неработен ден