sl7

Игралиште за хокеј и уметничко лизгање

Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ лоцирано од западната страна на комплексот, се наоѓа и игралиште за хокеј и уметничко лизгање

Игралиштето за хокеј и уметничко лизгање започна со работа во март 2011 година. Лизгалиштето е со димензии 25мх56м и е обезбедено со професионална заштитна ограда за хокеј. Во почетокот функционираше со лиценцирани пластични ламинат панели на кои се произведуваше синтетски мраз, но со зголемувањето на интересот за овој спорт како за рекреативно лизгање така и за тренинзи по хокеј и уметничко лизгање, со цел овозможување на оптимални услови за сите корисници од 2013 година поставен е систем за произведување на вистински мраз.

Убавината да се  лизга на вистински мраз мината зимска сезона ја осетија преку 50.000 граѓани, а во школите за уметничко лизгање и хокеј членуваат преку 150 деца. Исто така на лизгалиштето се одржаа и неколку меѓународни натпревари по хокеј.   

Оваа сезона 2014/2015 на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми на рекреативно лизгање со кои уживањето и добрата забава за време на лизгањето ќе Ви биде загарантирана, а со работа продолжуваат и школите по хокеј и по уметничко лизгање.