Правила на однесување (Лизгалиште)

I.Посетителите кои рекреативно ќе ги користат услугите на лизгалиштето се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на лизгалиштето во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на лизгалиштето доколку уредно имаат платено билет за истото.

3.Лицата кои се на возраст под 12 (дванаесет) години мораат да бидат под надзор на  родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја превземаат  родителите/старатели на малолетните лица.

4.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ги користат услугите на лизгалиштето.

5.Услугите на лизгалиштето нема да се користат во следните случаи:

  • во денови или часови кога се одржуваат турнири по уметничко лизгање и хокеј и
  • во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на лизгалиштето.

6.Посетителите кои ќе изнајмат лизгалки се должни да ја користат патеката од гума која води од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето.

*Забрането е излегување со лизгалки по бетонскиот простор од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето.

7.На лизгалиштето е забрането:

  • секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истото и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

8.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци и храна на лизгалиштето.

9.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

10.Забрането е користење на услугите на лизгалиштето во алкохолизирана состојба.

11.Посетителите на лизгалиштето за оставање на личните работи задолжително треба да ги користат полиците за таа намена.За сите свои лични работи од вредност (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и сл.) посетителите се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

12.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на  спортската опрема (лизгалките)  ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје  нема да биде одговорно за истата.

13.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортската опрема (лизгалките) е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ  заради заштита од несакани последици.

14.Посетителите на лизгалиштето кои рекреативно ги користат услугите на истото, лизгаат на своја сопствена одговорност.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на лизгалиштето.

15.Посетителите на лизгалиштето се должни да побараат помош од вработените на пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).

16.Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе биде отстрането од лизгалиштето од страна на извршителите на обезбедување.

17.Членовите на школите/клубови за уметничко лизгање или хокеј се обврзуваат да ги почитуваат истите правила и

18.Услугите на лизгалиштето кои ги користат лица во поголеми групи со надзор на лице/лица на градинки, основни училишта, средни училишта и лица со посебни потреби / со попреченост задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на лицата кои ги придружуваат за време на одржување на рекреативните активности.

*Изјавата е составен дел на овој Правилник.

Сите овие правила се објавени на видно место: на стаклото од влезот на лизгалиштето и на ѕидот на пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје.

 

II.Секое лице ги користи услугите на Лизгалиштето на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат Лизгалиштето не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите на Лизгалиштето.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои го посетуваат Лизгалиште во случај истите да настанат од сопствено неодговорно однесување и постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Лизгалиштето доколку утврди дека има основа за тоа.

Посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).

 

III.Правните лица кои го користат лизгалиштето кое се наоѓа  во комплексот  на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, склучуваат договор  за користење на истото со Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје согласно одредбите на Законот за облигационите односи и врз основа на Одлуката за висина на надоместок за користење на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје и овој Правилник.