sl7

Конгресна Сала

Конгресната сала која што се наоѓа во склоп на комплексот БОРИС ТРАЈКОВСКИ претставува идеален простор за организација на прес конференции, конгреси,коктели, симпозиуми, презентации и трибини.

Капацитетот на салата е до 150 седишта/посетители, а истиот според Вашите потреби може да се прилагоди од 25 до 150 лица за настан.

Воедно конгресниот центар овозможува и организација на коктели и кетеринг услуги со капацитет до 350 лица.

Салата е опремена со професионален самостоен систем за озвучување и платно за вршење на проекции, систем за венталиција и климатизација.