sl7

Пливачки Базен

Во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски се наоѓа затворен објект во кој има ТРИ базени наменети за  пливање од најмала возраст до највозрасните, за сите оние кои инвестираат во своето здравје и здравјето на своите деца.  Објектот располага со индивидуални и групни гардероби, опремени со ормарчиња,  туш кабини, сауна . Во базенот се наоѓа и трибина која е наменета за натпревари, гледалиште со капацитет од 450 гледачи. 

Димензиите на големиот базен се 33 метри со 25 метри и длабочина 2 метри. Овој базен покрај што се користи за рекреативно пливање, се користи од страна на пливачките клубови кои вршат обуки на деца за пливање, нуди услови и за организирање на пливачки натпревари во кратки базени како и зимски државни првенства. Во пливачкиот базен димензиите овозможуваат и организирање на ватерполо натпревари, согласно ФИНА правилата со професионален  соодветен терен за ватерполо и голови .

Во склоп на објектот има уште два базени од кои едниот е со димензии 20 метри со 6 метри и  длабочина од 60 см до 120 см и најмалиот со димензии 12 метри со 8 метри и длабочина 75 см. Овие базени се наменети за обука на непливачи и за терапевтски вежби на оние кои им е најпотребно користејќи го добробитот на водата .

Во склоп на објектот се наога и тераса наменета за сите оние кои сакаат уживањето да им биде целосно во летниот период, со пријатна музика и добар коктел.

Пливачкиот базен нуди најдобри услови за секој посетител, со беспрекорно чиста вода , која што се одржува со најсовремена технолоогија, со што допринесе за се поголем број на посетители.