Сезоната на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО ја започнавме со подобрени услови за тренинзи по уметничко лизгање и хокеј и со нов тренер од Белорусија, Витали Лучанок (Vitaly Luchanok) кои што се надеваме ќе придонесат за подобар квалитет и подобри резултати во иднина и ќе го издигнат Уметничкото лизгање во Македонија на едно повисоко ниво.
По тој повод директорот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски” г-динот Александар Петровски гостуваше во утринската програма “Македонија наутро” на Македонската Радио Телевизија, а пак наши гости на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО беа учениците од II4 одделение од О.У. “Јохан Х. Песталоци” кои што можеа да се запознаат со убавините на уметничкото лизгање и хокејот кои што им ги презентираа нашите тренери.
Прилогот ќе можете да го погледнете на 02.01.2018 година во утринската програма “Македонија наутро” на Македонската Радио Телевизија.
Спортски Центар
БОРИС ТРАЈКОВСКИ