Членовите на клубот за уметничко лизгање во Спортски центар Борис Трајковски со злато се вратија од меѓународниот турнир во Нови Сад

pizap.com14198635728721

Членовите на клубот за уметничко лизгање во Спортски центар Борис Трајковски со злато се вратија од меѓународниот турнир во Нови Сад

„Задоволна сум од резултатите и од она што го покажавме на натпреварот.Децата добија големи пофалби за трудот и желбата за напредок од судиите. Ова беше само второ натпреварување во историјата на уметничкото лизгање како нов спорт во Република Македонија, и секако треба да бидеме навистина горди на резултатите кои ги постигнуваме, со оглед на фактот што овие деца само втора година тренираат на вистински мраз. Условите во СЦ „Борис Трајковски” се навистина одлични, и се токму она што е потребно за развојот на овој спорт. Сезоната допрва започнува, а до крајот ќе учествуваме на уште пет натпреварувања”, изјави Ксенија Јестшењски Симиќ, тренер на клубот по уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски”. 

Скопје (29.12.2014)Македонските учесници со одлични резултати намеѓународниот натпревар во уметничко лизгање, кое се оддржа на 26-ти декември во Нови Сад, Република Србија. 11 натпреварувачи ги бранеа боите на Македонија, натпреварувачи кои воедно се дел од клубот за уметничко лизгање во состав на СЦ „Борис Трајковски”. Најдобар резултат оствари Јан Стојановски, кој од Нови Сад се враќа со златен медал во категорија Кадети Б, додека Лана Нацев и Нина Стрезовска се закитија со две одлични 4-ти места, во категориите Кадетки Ц и Интерпретација А.

„Задоволна сум од резултатите и од она што го покажавме на натпреварот.Децата добија големи пофалби за трудот и желбата за напредок од судиите. Ова беше само второ натпреварување во историјата на уметничкото лизгање како нов спорт во Република Македонија, и секако треба да бидеме навистина горди на резултатите кои ги постигнуваме, со оглед на фактот што овие деца само втора година тренираат на вистински мраз. Условите во СЦ „Борис Трајковски” се навистина одлични, и се токму она што е потребно за развојот на овој спорт. Сезоната допрва започнува, а до крајот ќе учествуваме на уште пет натпреварувања”, изјави Ксенија Јестшењски Симиќ, тренер на клубот по уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски”. 

„Ова е уште еден доказ дека СЦ „Борис Трајковски посветено работи на создавање на врвни спортски имиња. Она што навистина радува, е победничкиот менталитет кој овие деца го имаат, како и нивната желба за напредок. Уметничкото лизгање е млад спорт, а СЦ „Борис Трајковски” инфраструктурно е одлично опремен, со најсовремено лизгалиште и услови за тренинзи. Дополнително, врвни тренерски имиња кои се грижат за развојот на децата, што е неопходно за создавање на врвни спортисти, кои се иднината на македонскиот спорт. Сето ова доведе до златен медал, со кој СЦ „Борис Трајковски”, навистина се гордее”, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Резултатите на македонските натпреварувачи се следните:

-       Кадетки Ц: Лана Нацев 4-то место; Мери Тасовска 6-то место; Деана Прилепчанска 7-мо место.

-       Кадети Б: Јан Стојановски 1-во место.

-       Кадетки Б: Јана Куковска 11-то место; Ана Блајер 12-то место.

-       Кадетки А:Ангела Прилепчанска 8-мо место; Миа Николовска 9-то место, Георгина Стефановска 12-то место.

-       Интерпретација А: Нина Стрезовска 4-то место; Моника Пижевска 7-мо место.

Сите оние кои се заинтересирани,термините за часовите по уметничко лизгање се Понеделник од 17:00 до 19:00; Среда од 17:00 до 20:00; Петокод 17:00 до 19:00 и; Сабота и Неделаод 08:30 до 12:00 часот. 


Печати