Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека, без оглед на одлуката на Уставниот суд, управителот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ г-дин Александар Петровски во духот на солидарноста ќе земе минимална плата од 14.500 денари, а разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донира на социјално загрозени семејства на кои во овие денови најмногу им е потребна помош.
Со почит,
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ