Скопје (18.02.2015) Спортскиот Центар Борис Трајковски и НУ Драмски Театар - Скопје, ќе започнат взаемна соработка. На уникатен начин ќе ги соединат спортот и културата, давајќи голем акцент на сите оние кои го сакаат спортот и оние кои уживат во културата.Оваа соработка ќе влијае на подобрувањто на физичката активност, а и ќе го зголеми интересот за што повеќе спортување и здрав живот, што е една од главните цели на СЦ Борис Трајковски.
,,Како Директор на СЦ Борис Трајковски, ми претставува задоволство што денеска ја претставуваме заедничката соработка помеѓу ,Спортскиот центар Борис Трајковски и ,Драмски Театар- Скопје. Горди сме за ова убаво и уникатно партнерство затоа што границите на овие институции се прошируваат и интересите се зголемуваат. Ова е одлична иницијатива за соединување на корисниците на две врвни институции, кои ќе имаат можност да ги поврзат спортувањето и уметноста. Посетителите на Драмски Театар- Скопје ќе можат да добијат попуст на услугите на дел од капацитетите на Спортскиот Центар, како Фитнес центар, Кугланата, Аеробик и Пинг Понг центарот и Пливачкиот базен”,изјави Златко Перински, директор на СЦ ,Борис Трајковски.
“Драго ми е што спортот и културата ќе се соединат на интересен начин. Љубителите на уметноста ќе можат да спортуват, а спортистите и рекреативците ќе можат да го следат репертоаротпретстави наДрамскиот Театар. Корисниците на услугите во СЦ Борис Трајковски, ќе имаат попуст на билетите за претставите кои се на репертоарот, што е прва соработка од овој вид во Република Македонија“,изјави Роберт Вељановски, директор на Драмски театар – Скопје.
Ова е голем чекор за сите љубители на спортот и културата, кон унапредување на спортската култура, но и внимателно следење на последните уметнички достигнувања. Како најголем спортски комплекс во државата,СЦ Борис Трајковски има должност да продолжи со промоција на спортот и доближување на здравиот начин на живот до граѓаните – аспект кој е опфатен и со овие иновативни мерки кои се инспирирани од граѓаните, и ги следат нивните потреби и интереси.