Скопје (06.01.2015), Во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од вчера се пуштени во употреба две двојни тениски игралишта, инвестиција вредна 18 милиони денари како дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски игралишта.
Тениските игралишта ги пушти во употреба премиерот Никола Груевски, кој истакна дека со нив се надополнуваат бројните содржини кои ги нуди овој спортски центар, кој е воедно и центар на најголемите спортски и забавни случувања во Македонија. Тој најави и нови инвестиции.
,,Додаваме уште една тула на големата спортска куќа на РМ. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ може и официјално да ги понуди и двата нови тениски терени. Висината на вкупната инвестиција за изградба на овие терени е 18 милиони денари. Љубителите на тенисот добиваат уште едно место каде што ќе може да вежбаат и да го усовршуваат својот талент. Во истата оваа насока ќе биде и следната инвестиција во овој спортски центар, а тоа е изградба на два нови затворени тениски терени од овој тип и еден за падел тенис, кој ќе може да се трансформира и за тенис со седишта за публика од 500 лица”- рече премиерот Груевски.
,,Со оваа услуга, СЦ Борис Трајковски прераснува во центар од светски размери, рамо до рамо со најпривлечните и најпосетени спортски центри низ светот. Цело е кога има се', а ние имаме да понудиме и задоволиме потребите на ситеграѓани, спортисти, посетители.
Следната активност која ќе биде најголемо задоволство за најмалите е Аква Паркот, чие отворање го најавуваме за 10-ти јуни. Уште еднаш ги повикувам сите љубители на тенисот да повелат, тренираат и уживаат во најмодерните и најопремени тениски терени во градот.”- изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковск
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески истакна дека тениските игралишта се изградени по стандардите на Светската тениска федерација со сертифицирана акрилна подлога и со рефлектори за игра во вечерните часови. Оградени се со транспарентна челична ограда, а околу нив се изградени патеки од бекатон. Тој информира дека од 120-те предвидени тениски игралишта согласно владиниот проект, досега се изградени 44, а уште 30 се во фаза на градба и треба да бидат ставени во функција до крајот на летото.
Околу понудата и цените за тениските терени граѓаните ќе може да се информираат на веб сајтот на СЦ ,,Борис Трајковски”.