По три месеци пауза пливачкиот базен во склоп на СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ повторно е отворен за пливачите. Засега услугите на базенот можат да ги користат само пливачките клубови.
Термините се одржуваат по строго утврдени правила, мерење температура при влез, носење на заштитни маски, дезинфекција на рацете, почитување на препорачано растојание и поставен протокол за влез и излез на групите така што една група на пливачи по завршувањето со пливање излегува од трибинскиот дел, за да не дојде до групирање со друга група која чека за влез.
Се надеваме дека наскоро базенот ќе биде отворен и за рекреативно пливање.
Во петок 26.06.2020 година започнува со работа и Фитнес центарот, со редовно работно време и по утврдениот протокол за работа на фитнес центрите.
Контакт телефони за информации:
Базен 076/361-171
Фитнес Центар 075/257-941
Ваш,
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ