44-ти Саем на мебел

 Од 09.10 до 14.10. 2018 година во СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ се одржува 44-от Саем на мебел на кој граѓаните ќе можат да ги видат најновите трендови во производството на мебел.

Ќе се претстават околу 70 изложувачи од Македонија, Србија, Косово, Италија и Бугарија со повеќе од 150 брендови.

Годинашниот саем, којшто за првпат се одржува во комлексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ, се протега на површина од 8.000 квадратни метри, а изложувачите се сместени во vip АРЕНАТА и во два монтажни мултифункционални енергетско-ефикасни објекта.


Печати