СЦ "Борис Трајковски" не застанува со новитети: Од понеделник зумба часови

После одличната летна сезона на Аква-паркот, СЦ „Борис Трајковски“ за есенва планира многу новитети со цел да се задоволат вкусовите на граѓаните.

5000zumba_description.jpg

Од понеделник, 28-ми септември во салата „Аеробик 1“ во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе започнат зумба часови со сертифицираниот зумба инструктор. Тоа значи дека освен тоа што љубителите на здравиот начин на живот и одржувањето на своето тело имаат можност да го разубават своето секојдневие со аеробик, пилатес, фитнес, сауна, карпа за качување, како и да уживааат во пливачкиот базен и сите останати содржини, сега ќе можат во друштво на музика и брз ритам да го подобрат своето здравје.

“Преку нашиот Аква- парк, СЦ „Борис Трајковски“ успеа на сите граѓани да им понуди одлично разладување и забава во жешките температури кои ги имавме последните неколку месеци. Со доаѓањето на поладните денови нашата цел останува да успееме да ги задоволиме потребите на поширока популација и да бидеме подостапни за секого. Секојдневно се трудиме да воведеме новитети и нови фитнес програми. Така дојдовме до зумбата, која во себе вклучува танцувачки и аеробик елементи, а музиката и брзиот ритам само дополнително даваат стимул за вежбање. Денс-фитнес вежбите ќе бидат под палка на лиценциран инструктор. Тука не застануваме со новитети”, изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Најважната придобивка од зумбата е подобрувањето на кардиоваскуларниот систем на човекот. Последните истражувања покажаа дека еден од најдобрите начини за подобрување на работата на срцето, дишењето и менталните способности е практикување на зумба. Исто така зумбата придонесува до намалување на депресијата.


Печати