Одличен пречек за Андреј Стојановски – донесе сребро на Светското првенство за глуви

Во чест на успехот кој го постигна на Светското првенство за глуви односно сребрен медал во дисциплината 1500 метри слободно, беше организиран пречек за нашиот Андреј Стојановски.

Првенството се одржа во Сан Антонио, Тексас, а нашиот пливачот Андреј Стојаноски, заедно со неговиот тренер Марјан Соколовски беа пречекани во базенот Борис Трајковски од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски Златко Перински и претседателот на клубот Влахо Костов заедно со неговите родители, најблиски роднини и пријатели и сите почитувачи и вљубеници на спортот. 

На Светското првенство изминатите  денови учествуваше во уште три финални трки. На 400 метри делфин тој заврши на петтото место, додека на 400 и 200 метри слободно го освои седмото, односно осмото место.

Работата на најдолгите патеки му донесе најголем успех .На овој голем успех многу придонесе залагањето и напорната  работа на неговиот тренер Марјан Соколовски.


Печати