На наше огромно задоволство сакаме да Ви се пофалиме со уште еден новитет од редовите на СЦ Борис Трајковски, кој ќе биде достапен од денес па натака...
Скопје (09.06.2016) „Вип АКВА ПАРК“, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, со огромно задоволство го најавува стартот на новата, четврта сезона која започнува на 11.06.2016 година.
(Скопје 30.05.2016) Вистинскиот успех се гради константно но пополека. Секој чекор, секоја одлука носи одреден ризик и нови очекувања. Она што е најважно во овој свет на иновации и динамичност е да се остане доминантен и стабилен во својот успех.
Скопје (14.05.2016) Спортските капацитетиво склоп на СЦ Борис Трајковски веќе континуирано низ годините се препознатливо место за релаксација на голем број на граѓани од сите возрасти, кои сакаат да уживаат во спортот, без разлика дали се работи за рекреативци или пак за професионални спортисти кои се трудат спортот генерално да е дел од нивното секојдневие.
Безбедноста на сообраќајот на патиштата во нашата држава претставува примарна општествена одговорност на сите организации и поединци, каде особено важен е мулти-секторскиот пристап кон прашањата и проблемите од областа на сообраќајот на патиштата. Токму ова е единствен начин за намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на патиштата.
Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ВИП тениските терени се припремаат со полна пареа. Главната причина е најавениот новитет во тековната програма на спортскиот центар, наменет за сите граѓани и спортски ентузијасти кои се вљубеници во тенисот. На 14.05.2016 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, за прв пат ќе се одржи првиот отворен час по тенис, насловен како „Ајде да играме тенис“.