После одличната летна сезона на Аква-паркот, СЦ „Борис Трајковски“ за есенва планира многу новитети со цел да се задоволат вкусовите на граѓаните.
Во чест на успехот кој го постигна на Светското првенство за глуви односно сребрен медал во дисциплината 1500 метри слободно, беше организиран пречек за нашиот Андреј Стојановски.
Досега се реализираа многу проекти, а постојано се прилагодува и понудата се со цел да биде подостапна за граѓаните. СЦ „Борис Трајковски“ со претставувањето на новиот менаџмент најави и новитети, кои се добредојдени за сите кои спортуваат и се рекреираат во најголемиот спортски центар во Македонија.
Јогата за трудници во Спортскиот Центар ,,Борис Трајковски”, се покажа како полн погодок за сите идни мајки.
Овој официјален демант-информација се однесува на искажаните невистини за условите на оддржување натпревари во Националната Арена БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје
Изминатиот викенд во најзабавниот парк во градот, Аква-паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ беше срушен рекордот на посетители.
,,Ова ќе биде сезона во која на Аква Паркот ќе уживаат и големите и малите. Одлични услови, најмодерни тобогани со разни ефекти, базен со бранови, мрзлива река, бумеранг, спејс бал, и многу изненадувања за сите посетители. Сите правци ова лето ќе водат кон паркот кој предизвикува воздишки и најдобро разладување во градот и пошироко.”-изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковски.
,,Додаваме уште една тула на големата спортска куќа на РМ. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и официјално може дапонудидва нови тениски терени. Висината на вкупната инвестиција за изградба на овие терени е 18 милиони денари. Љубителите на тенисот добиваат уште едно место каде што ќе може да вежбаат и да го усовршуваат својот талент. Во истата оваа насока ќе биде и следната инвестиција во овој спортски центар, а тоа е изградба на два нови затворени тениски терени од овој тип и еден за падел тенис, кој ќе може да се трансформира и за тенис со седишта за публика од 500 лица.”-изјави премиерот Груевски.
,,Со оваа услуга, СЦ Борис Трајковски прераснува во центар од светски размери, рамо до рамо со најпривлечните и најпосетени спортски центри низ светот. Цело е кога има се', а ние имаме да понудиме и задоволиме потребите на сите граѓани, спортисти, посетители.”- изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковски
Четириесет бремени жени од изминатиот месец ги користат бесплатните часови по јога, што ги организира Министерството за здравство во соработка со Спортскиот центар „Борис Трајковски“.


