,,Ова ќе биде сезона во која на Аква Паркот ќе уживаат и големите и малите. Одлични услови, најмодерни тобогани со разни ефекти, базен со бранови, мрзлива река, бумеранг, спејс бал, и многу изненадувања за сите посетители. Сите правци ова лето ќе водат кон паркот кој предизвикува воздишки и најдобро разладување во градот и пошироко.”-изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковски.
,,Додаваме уште една тула на големата спортска куќа на РМ. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и официјално може дапонудидва нови тениски терени. Висината на вкупната инвестиција за изградба на овие терени е 18 милиони денари. Љубителите на тенисот добиваат уште едно место каде што ќе може да вежбаат и да го усовршуваат својот талент. Во истата оваа насока ќе биде и следната инвестиција во овој спортски центар, а тоа е изградба на два нови затворени тениски терени од овој тип и еден за падел тенис, кој ќе може да се трансформира и за тенис со седишта за публика од 500 лица.”-изјави премиерот Груевски.
,,Со оваа услуга, СЦ Борис Трајковски прераснува во центар од светски размери, рамо до рамо со најпривлечните и најпосетени спортски центри низ светот. Цело е кога има се', а ние имаме да понудиме и задоволиме потребите на сите граѓани, спортисти, посетители.”- изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковски
Четириесет бремени жени од изминатиот месец ги користат бесплатните часови по јога, што ги организира Министерството за здравство во соработка со Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
СЦ Борис Трајковски ја комплетираше лизгачката сезона на активности со дополнителни награди, стекнати во рамките на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање“Sportland Trophy 2015”одржан во Будимпешта (Унгарија)и Отвореното меѓународно првенство по уметничко лизгање одржано во Нови Сад (Војводина).
,,Како одговорен за СЦ Борис Трајковски, ми претставува задоволство што денеска, претставуваме проект, за кој веруваме дека ќе има голем одзив и интерес. Во соработка со Министерството за Здравство, СЦ Борис Трајковски ќе биде првата институција во Република Македонија, во која ќе бидат организирани бесплатни часови по јога за трудници. Грижејќи се за здравјето на идните мајки, преку искористување на бенефитите на јогата, веруваме дека ова е одлична нова активност, која само ќе ја дополни и онака богатата спортска понуда на СЦ Борис Трајковски, изјави Г- дин Златко Перински, директор на СЦ Борис Трајковски”.
Oдбележана 11-годишнината од трагичната несреќа во која животот го загуби Претседателот Борис Трајковски
„Пред споменикот на Претседателот Трајковски на платото пред СЦ Борис Трајковски, покрај Директорот Златко Перински, почит оддадоа и Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претставници на РК Металург, претставници на Спортското радио, како, претставник на Фондацијата „Борис Трајковски” и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.”
- Спортскиот Центар Борис Трајковски и Драмски Театар- Скопје ќе ги соединат спортот и културата
- Рекреација пред работа - СЦ Борис Трајковски со нови пакети за спортување во утринските часови
- Членовите на клубот за уметничко лизгање во Спортски центар Борис Трајковски со злато се вратија од меѓународниот турнир во Нови Сад